Министерот Николовски само што објави убава вест: Исплатени рекордни 26 милиони евра субвенции за оваа група земјоделци

Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун, информира денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година.

„За прв пат тутунот достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44 отсто во споредба со реколтата од 2021 година.

Сведоци сме сите дека како никогаш до сега имавме година во која откупот помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок“, се пофали Николовски.

Тој додаде дека годинава тутунот бил со  добар квалитет што придонело дури 80 отсто од тутунот да биде откупен во прва класа.

Вкупната вредност на откупениот тутун во 2022 година достигна 6 милијарди денари и во целост е исплатен од страна на откупните претпријатија.

Тутунот во реколтата 2022 година е засаден на површина од 13.237 хектари, што претставува зголемување на површините за 11%, односно нови 1.453 хектари.

Тоа допринесе и за зголемување на договорното производство на тутун за околу 8%, односно нови 1.780 договори или вкупно 29.429 склучени договори за 2022 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде