Нов инцидент во автобус на ЈСП: Сега натепан шофер на автобус!

Денеска (27.04.2023) во 06.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(47) од Скопје пријавил дека околу 04 часот, додека управувал автобус на ЈСП од населба Радишани кон населба Бутел, бил физички нападнат од едно лице кое употребило и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пред само два дена беше забележан уште еден случај кога во автобус на ЈСП беше сексуално нападната тинејџерка.

„На 24.04.2023 во 15.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје, на булеварот „Илинден“, тројца малолетници од скопските села Копаница, Ласкарци и Арнакија допирале по телото 19-годишна девојка од Скопје“, информирaше тогаш МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде