Објавена летната временска прогноза: Еве какво време не очекува во текот на летото

Метеоролошката служба Severe Weather Europe ја објави овогодинешната прва долгорочна прогноза за летото, а во прогнозата се фокусираше на два главни и најкористени модели.

Моделот ECMWF се смета за најсигурен, иако метеоролозите забележуваат дека ниту еден систем за долгорочно/сезонско прогнозирање не може да се нарече целосно сигурен, бидејќи тие само ги разгледуваат трендовите и како се развиваат временските шеми во подолги периоди.

Но, моделот ECMWF е на врвот во однос на сигурноста.

Моделот ECMWF предвидува потопло од нормалното време на поголемиот дел од континентот.

Но, исклучок е кон североисток кој ќе биде под влијание на постуден воздух.

Кога станува збор за врнежите, претежно суви услови се предвидуваат над централна и северна Европа.

Моделот CFSv2 низ Европа предвидува натпросечни температури на површината во текот на летото.

Посилна топлинска аномалија се предвидува кон северните предели кои ќе бидат под влијание на зоната со висок воздушен притисок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде