Тажна вест утрово ја разбуди Македонија: Почина познатиот дипломат, еден од доајените на македонската дипломатија
Долгогодишен дипломат во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во СФРЈ и во македонското Министерство за надворешни работи, Трипун Карапетров, почина на 83-годишна возраст.
Тој работеше во дипломатските мисии во Варшава и во Москва, а по 1991 година даде голем придонес за отворање на Македонската амбасада во
Руската Федерација и продлабочување на политичките и економските односи на нашата земја со државите од поранешниот СССР.
Погребот ќе се одржи денеска во 11:00 на градските гробишта во Нерези.