Тешка сообраќајна несреќа: Жена и малолетничка итно пренесени во болница

На 26.04.2023 во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ и ул.„Брадфордска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки,

управувано од Ѓ.С.(36) од Скопје и патничко возило „шкода суперб“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(32) од с.Грчец, општина Сарај.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фиат пунто“, М.Т.(36),

а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од истото возило, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде