Припадници на МВР во Пирот ја уапсиле М.М.(53) од Димитровград, Србија бидејќи постојат основи на сомнение дека сторила кривично дело убивање и малтретирање животни.
Таа е осомничена дека во дворот на семејната куќа во Димитровград со дрвен стап неколку пати го удрила кучето на непознат сопственик, кое од здобиените повреди починало.
На социјалните мрежи се појави грозоморна снимка од насилство врз животно.
Во него може да се види постара жена како брутализира мало куче и го тепа до смрт.