Двајца мажи претепале жена во Скопје и избегалe!

На 27.04.2023 во 22.40 часот во СВР Скопје, К.М.(34) од Скопје пријавила дека околу 20.00 часот во хотел на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од две лица.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Во билтенот на МВР за Скопје исто така е забележан и случај на силуван малолетник.

Мајка од Скопје вчера пријавила дека двајца малолетници, заканувајќи се, извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, соопшти полицијата. Двајцата тинејџери-насилници со снимале грозоморниот чин, по што снимката ја испратиле кај неколкумина познаници.

„На 27.04.2023 околу 22.43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица“, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде