Македонија не ги заборава своите јунаци: Пред 22 години беше еден најкрвавите денови во македонската историја

22 години подоцна, ниту споменик, ниту било какво обележје, единствено сеќавањата говорат за бруталниот и крвавиот масакр, кога на овој ден, во 2001 година кај тетовско Вејце, од заседа и на грозоморен начин беа убиени осумте припадници на АРМ.

Во пресрет на годишнината, министерката за одбрана Славјанка Петровска инцираше изградба на спомен обелејжје, на кое достојно би се оддавала почит на хероите, наместо да им се остава цвеќе и им се палат свеќи покрај патот врз камења и земја, како што беше случај и денеска. Барањето го испратила до Општина Тетово, која е надлежна за издавање на дозвола согласно законот.

-Овие настани не треба и не смее да не разделуваат, напротив, тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат. – Стои во статусот на Петровска.

Но, со ова не се согласува градоначлникот на Тетово, Билал Касами, кој ескпресно го отфрли барањето.

-Министерката за одбрана, односно Владата, кога ќе имаат ист пристап кон двете страни инволвирани во конфликтот, тогаш може да зборуваат за сеопфатно решение, инаку таквите барања се дневна политика. – изјави за Касами за Канал 5.

Местото на масакрот денеска го посети и првиот човек на Достоинство – Стојанче Ангелов, со истото барање како Петровска – конечно да се изгради достоинствен споменик.

– 15 години по ред делегацијата на Достоинство тоа го прави овде на овој камен, каде што полагаме цвеќе и палиме свеќи. Како држава сме должно да го чуваме споменот на нашите херои, споменот на оние кои посчедни се бореа за државата, на оние кои што последни загинаа бранејќи ја татковината.

Во масакрот и терористичкиот напад во кој загинаа осумте македонски војници на возраст од 24 до 30 години се случил на планинскиот пат помеѓу тетовските села Селце и Вејце. Откако биле убиени, биле масакрирани, а на крајот и запалени.

До денешен ден остана непознато кои се сторителите, па ниту се оформи некаков случај, ниту пак имаше некаква судска разврска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде