Несакани вести ни пристигнуваат од Делчево, односно од село Бигла, делчевско.
Во несреќата учествувале две возила голф и сеат, а во истата, според очевидци, нема повредени, информација која ја потврдија и од полицијата.
Се работи на расчистување на теренот и утврдување на причините за несреќата.
Апелираа до сите кои се движат на магистралата А3 и споменатиот правец на почитување на сообраќајната сигнализација и намалување на брзината кај споменатата делница.
Повеќе детали од МВР во текот на денешниот ден.