Мајка од Скопје вчера пријавила дека двајца малолетници, заканувајќи се, извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, соопшти полицијата.
Двајцата тинејџери-насилници со снимале грозоморниот чин, по што снимката ја испратиле кај неколкумина познаници.
„На 27.04.2023 околу 22.43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица“, велат од МВР.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.