Ужас во Скопје: Малолетник силуван од двајца врсници, чинот го снимале и објавувале

Мајка од Скопје вчера пријавила дека двајца малолетници, заканувајќи се, извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, соопшти полицијата.

Двајцата тинејџери-насилници со снимале грозоморниот чин, по што снимката ја испратиле кај неколкумина познаници.

„На 27.04.2023 околу 22.43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица“, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде