Двегодишно дете било примено во болницата во Осиек во тешка состојба поради воспаление на белите дробови и му требало итен транспорт до Загреб.
Екипата за итна помош од Осиек веднаш тргнала со детето кон Загреб, а кога увиделе дека проблем може да предизвика големата гужва низ сообраќајот, стапиле во контакт со полицијата, која интервенирала да помогне и им обезбедила полициска придружба.
Детето било во тешка состојба, интубирано и на кислородна поддршка.
Потоа било реанимирано и спасено.
Покрај огромната гужва и сообраќајниот метеж на автопатот во градот, наишле на верижен судир. Детето е во стабилна состојба, благодарение на брзиот транспорт.
„Тешко е да се најдат пофални зборови со кои ќе им се заблагодарам на сите. Мојата ќерка поради проблеми со белите дробови во саботата заврши во болницата во Осиек, а во понеделникот состојбата и се влоши бидејќи и нејзиното срце било загрозено.
Ни кажаа дека сè беше подготвено за итен транспорт до Загреб, а беше околу 14 часот. Брзата помош тргна, а ние тргнавме по нив“, изјавиле родителите за хрватските медиуми.