Профилот на Инстаграм наречен „Landgeist Maps“ неодамна сподели мапа на која е прикажано колку шеќер консумираат Европејците.
Луксембург со 10,8 килограми шеќер и Кипар со 17,6 килограми шеќер по лице se најмалите конзументи.
Првото место го зазеде Белгија, каде просечниот внес на шеќер е 48,3 килограми по човек. Второто место го зазеде Полска со 45,7 килограми, а на трето е Малта со 43,8 килограми шеќер по лице.
Кога станува збор за земјите од регионот, Албанија е со 18,6 килограми, Словенија со 19,4 килограми, Црна Гора со 21,2 килограми и Србија со 22,4 килограми шеќер по лице.
Хрватска е нешто повеќе од 10 килограми над другите земји во регионот со 33,8 килограми, но рекордот во регионот убедливо го држи Македонија со 36,7 килограми шеќер по лице.