Потресно сведоштво: Мајка и ќерка брутално претепани од соседот – објавени и фотографии!

Скопјанката Мелиса Захитовиќ се обрати во медиумите со објавени фотографии од тоа како таа и нејзината мајка изгледаат сега откако беа претепани во нивниот двор од страна на сосед.

Преку социјалните мрежи посочува дека насилникот е се уште на слобода и дека тие живеат во постојан страв, додека МВР се огласи дека насилникот од приградската населба Петровец е уапсен.

Захитовиќ смета и дека полицијата интервенирала по два часа затоа што се чекало да дојде до нова смена во која работеле пријатели на насилникот.

– Државо? Насилникот кој мене и мојата мајка физички брутално не нападна во мојот двор на 27.04. 2023г., удирајќи не со тупаници и со нозе, влечејќи не за коса и удирајќи не со стопалото во лице, е на слобода и се шета слободно. Уште колку лица треба да бидат физички нападнати од тој монструм, за оваа држава да реагира??, објави Захитовиќ..

„Веднаш по добиената пријава од М.З. дека на 27.04.2023 во дворот пред нејзиниот дом во Петровец била физички нападната од Е.Л. од Петровец, кој потоа ја нападнал и нејзината мајка З.З., преземени се соодветни мерки и активности. Е.Л. е лишен од слобода и во службен разговор во полициска станица го признал делото.

Известен е јавен обвинител и против Е.Л. по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по чл.386 од КЗ“, кажаа од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде