Жена излетала и удрила во бетонски столб: Уште една тешка несреќа на македонските патишта

Тешко повредена е 55-годишна сопатничка во возило кое вчера околу 16 часот излетало од патот и удрило во бетонски столб во близина на тетовско Рогачево.

– Во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на тетовско Рогачево, патничко моторно возило „фолксваген поло” со тетовски регистарски ознаки управувано од 19-годишната З.И. од тетовско Јажинце излетало од коловоз и удрило во бетонски столб.

Во несреќата, сопатничката во возилото Џ.И.(55), исто така, од Јажинце се здобила со тешки телесни повреди, а З.И. со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде