Видео во Србија предизвика бурни реакции во јавноста бидејќи момче паднало откако скокнало од трамвај во движење. Останал неповреден.
„Некој можеше да наиде и да го убие, немаше да биде тој виновен туку возачот, човек што треба да живее со тоа цел живот. Родители, гледајте ги подобро децата пред да биде предоцна“, коментира жена за застрашувачкото видео.
„Наместо децата да имаат играчки, тие имаат мобилни телефони и социјални мрежи, затоа стигнавме до каде што сме, се се прави спротивно од тоа како треба.
Полесно е да го турнете телефонот во рацете на детето отколку да го насочите кон други работи“, е само уште еден во низата осудувачки коментари на социјалните мрежи.