Сашо Тасевски раскажа што му се случило: Ко те д*пат не е баш пријатно…

Фејсбук статус на Сашо Тасевски:

Стана од место. Ми рече имаш дваес минути  за кафе со мене.

Океј. Седнав. Му направив ќеф.

Не го знам. Ми бил на стендап. Уживал на стендапот. Ме гледал и во претстави порано.

Ја чекаше ќерка му да и даде пари, ќе одела у Охрид со друштвото.

Застанува мерцедес двосед пред нас. Ќерка му. Бруцош.

И вели, ова е Сашо, ете кај него бевме на стендап со мајка ти.

Ќеркава само ме погледна без збор. Ни да климне со глаата. Веројатно истиот поглед го има и мрсул кога погледнува несакајќи.

Нејсе. Запали аутцето  и бррррм.

Јас му викам, добра кола.

Сама си ја одбра и ја имам мечка. Белана онде. Ама јас децата ги учам да не бидат материјалисти. И добро сум ги воспитал. Парите не значат ништо, ако не си среќен.

Така е му викам.

А он, јас исто никогаш не сум трчал по пари. Не ми значат ништо.

Да, му реков, ко мутав.  Така е.

Значи секогаш ко сум седел со демагози исто се осеќам.

Зашто не знам дали ме дупат или стварно си веруваат на тоа што го зборат.

Изгледа ме дупат.

А ко те д*пат, не е баш пријатно. Мислам ако те д*пат вака.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде