Шеесет и четиригодишен битолчанец е приведен оти допирал малолетничка по телото, објави полицијата.
Според информациите, настанот се случил вчера.
МВР најави дека по целосно документирање на случајот ќе следи пријава.
Во изминатиот месец, полицијата информираше за повеќе вакви случаи.
За жал ова веќе втор ваков сличен случај во краток период, вчера беше објавено и за силување на момче од негови врсници.
Деталите за тој случај:
Со присуство на родителите, двајцата малолетници кои силуваа и снимаа врсник во Скопје завршија во полициска станица.
За случајот, известен е и Центарот за социјални работи, а ќе биде поднесена пријава до Обвинителството.
Хоророт во полицијата вчера го пријави мајката на жртвата. 39-годишната скопјанка кажала дека двете деца го силувале нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица.
МВР по пријавата објави дека известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во изминатиот период, МВР известува за низа случаи на пресметки меѓу малолетници, но и за врсничко насилство.
-На 28.04.2023 од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар извршен е службен разговор со двајца малолетници, во присуство на нивните родители, а во врска со претходна пријава дека малолетниците со закана извршиле полови дејствија врз малолетник, соопшти МВР.
Известен е и Центарот за социјални работи-Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Скопје.