Нови детали од трагедијата која ја потресе Македoнија: Жена од Виница загина во страшната сообраќајка кај Владевци

Нови детали од трагедијата која ја потресе Македoнија: Жена од Виница загина во страшната сообраќајка кај Владевци

Вчера околу 18.30 часот на магистралниот пат A4 Струмица-Радовиш кај с.Владевци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет спарк“ со струмички регистарски ознаки,

управувано од В.Т.(18) од с.Сушево, струмичко и мотоцикл „кавасаки“ со кочански регистарски ознаки, управуван од С.К.(58) од Кочани.

На местото на несреќата починала сопатничката на мотоциклот Р.К.(44) од с.Градец, виничко, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Мотоциклистот С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар-Струмица.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде