Денеска околу 00.50 часот по полноќ на регионалниот пат Струга-Дебар, на влезот во село Велешта, 21-годишниот А.О. од село Велешта,
управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, извести МВР.
– На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струга, соопшти МВР.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.