Музичарката и поранешна реалити ѕвезда Лана Токовиќ ненадејно починала, дознаваат српските медиуми.
Лана неодамна била примена во болница, по што се случило најлошото. Инаку, според медиумите Лана немала никакви здравствени проблеми.
Лана Токовиќ е родена на 29 ноември 1966 година во Белград. Основач на групата „Лана и Алдо“, професионално се занимава со музика од својата шеснаесетта година.
Снимила над 40 трајни снимки за аудио библиотеката на Радио Белград.
Неодамна отвори музичко студио каде што компонираше. Со својата група одржала голем број самостојни концерти, а освоила и награди како композитор, вокален изведувач и текстописец.
Таа пишуваше музика за театарски претстави, цртани филмови и реклами.