ЛОШИ ВЕСТИ ОД СРБИЈА: Почина девојчето кое 12 дена се бореше за живот

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот, пишува српски „Курир“.

Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишниот Коста Кецмановиќ на 3 мај во ова училиште, кога уби девет ученици и еден чувар.

Несреќната девојка починала во УДК „Тиршова“ како последица на тешките повреди на главата. И покрај напорите на лекарите, девојчето им подлегнало на повредите.

Министерството за здравство соопшти дека почина повредениот ученик во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Пациентот, кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со тешки повреди на главата, опасни по живот,

здобиени при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, почина утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на девојчето“ велат од српското МЗ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде