Емил Б.(23) од Српски Итебеј загинал во саботата на патот Житиште-Торак околу 21 часот и 30 минути со својот мотоцикл Кавасаки, а на него била и неговата девојка С.С.(17).
Во директен судир на нив удрил возачот на автомобилот шкода суперб Б.Б., кој бил уапсен од полицијата на Зрењанин.
0Несреќниот Емил починал на лице место, а С.С е во критична состојба со тешки повреди во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад.
Како што пренесуваат српските медиуми, сообраќајната несреќа се случила кога возачот на „Шкода Суперб“ се обидувал да претекнува камион и директно налетал на моторциклот што го управувал Емил Б.
-Од здобиените повреди возачот на мотоциклот починал на лице место, додека девојката која била сопатничка на моторот се здобила со тешки телесни повреди опасни по живот.
На Б.Б му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Основното јавно обвинителство Зрењанин, соопшти полицијата на Зрењанин.
Според зборовите на пријателот и школски другар на Емил, Перица Редаи, Емил кобната вечер се враќал од роденден во Зрењанин, со девојка која се уште е во критична состојба.
За Информер вели дека Емил бил добар човек и пријател, за кој сите имаат само пофални зборови.
Никогаш нема да го заборавам мојот школски другар и добар пријател. Има многу убави денови и дружба зад нас.. Пријателе, патувај со ангелите. Збогум – вели Перица видно потресен од загубата на другарот.