Повозрасниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе, денеска двајцата се пронајдени со прострелни рани.
-Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање.
Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла.
Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, појаснија од МВР во врска со убиството и самоубиството во Демир Капија.
Претходно, МВР излезе со информација дека демиркапијците со прострелни рани се на возраст од 72 и 34 години.
-Денеска во 06:50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија.
Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.