Нови детали за трагедијата во Демир Капија: Човекот кој пукаше оставил и проштално писмо?

МВР потврди дека утрово се пронајдени две тела во сопствените станови во зграда во Демир Капија, каде што претходно беше објавено дека се извршени убиство и самоубиство.

„Денеска (16.5.2023), во 6:50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б. М. (34) и М. К. (72), двајцата од Демир Капија.

Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопшти МВР.

Според неофицијални информации, имало и проштално писмо оставено од човекот што го извршил убиството, па се самоубил.

Од СВР Велес најавија повеќе детали за настанот по завршување увидот, а демиркапијци вознемирени од убиството и самоубиството велат дека не се сеќаваат на таква трагична случка во минатото во нивната општина. Наводно, соседите веќе подолго време имале недоразбирања, за што и се пријавувале во полиција.

-Никој не можеше да претпостави дека состојбата до толку ќе излезе од контрола и дека ќе се случи ваква трагедија! Две семејства се завиени во црно.

Помладиот демиркапиец се уште немаше оформено ниту свое семејство, повозрасниот минуваше низ тежок период и се соочуваше со болест на близок член во фамилијата. Сите сме во шок, раскажува за ,,Фокус” друг сосед.

Што точно се случувало во зградата и што претходело на настанот, ќе биде соопштено во тек на денот, изјавија од СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде