Од прослава за раѓањето на детето во смрт: Детали за страшната сообраќајна несреќа која го потресе регионот

Осумнаесетгодишен млад човек од Уљма кај Вршац синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа, додека двајцата негови сопатници се повредени.

Несреќата се случила 15 минути по полноќ во улицата ЈНА на број 46 во населбата Уљма во Вршац.

Се сомнева дека Б.К. изгубил контрола над „голфот“, излетал од патот и удрил во дрво. Првите информации беа дека тој со голема брзина удрил во куќа.

Во тешка состојба е примен и малолетник кој бил во возилото со него. Во болницата во Вршац со полесни повреди е примен млад човек (20) кој бил на совозачкото седиште.

Како што дознава „Телегараф.рс“, младиот човек имал пробна возачка дозвола.

Според очевидци тие биле на прославата на раѓањето на детето.

Што ја предизвикало оваа трагедија ќе се знае по истрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде