Утрово вест за убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност, пишува Сител.
72 годишниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед (34) за тропање од горе, денеска двајцата се пронајдени со прострелни рани, информираа од МВР во врска со убиството и самоубиството во Демир Капија.
– Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти.
Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла. Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, појаснија од МВР.
Претходно, МВР излезе со информација, дека демиркапијците со прострелни рани се на возраст од 72 и 34 години.
– Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија.
Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.