Многу мажи останаа засрамени кога го прочитаа писмото на овој прекрасен сопруг за неговата сопруга

Откако го прочитаа ова писмо, многу мажи ширум светот се засрамија. Новинарот и писател Брет Ортел напишал колумна која ги воодушевила сите жени. Прочитајте го и самите ќе бидете изненадени од неговата отвореност и искрено признание, пишува read2enjoy.

“Што сум и кажал на својата жена за тоа како нејзиното тело се променило после породувањето? Апсолутно ништо. Познато е дека бременоста не се случува сама по себе, така што јас сум директно одговорен за промените кои на неа и се случиле.

Со други зборови, го добив точно она за кое и потпишав. Кога сте кажале “Ајде да имаме дете”, можеби сте го замислувале својот наследник како прв чекори на Марс и открива лек за рак.

Но исто така и сте кажале: “Еј драга, сакам да го носиш моето дете девет месеци.

Тој процес драматично ќе го промени нивото на твојот науротрансмитер и ќе доведе до големи и трајни промени на твојот им и личност, а да не ги спомнуваме неизбежните промени на твоето тело.

Исто така ќе станеш и диспанзер на млеко и ќе се здебелиш.” Се разбира, колку повеќе бремености партнерката мора да издржи, толку работите се потешки.

Ние имаме две деца, но мојата жена беше трудна четри пати. Тоа е вкупно 26 месеци, две години во мачнини и чудни потреби, доење и лузна од царски рез. Да разјасниме нешто.

Да, телото на мојата сопруга се промени после породувањето. И, што тогаш? Ма какви промени, таа сеуште е онаа истата, лесно возбудлива, црвенокоса како што и секогаш беше! И моето тело се промени.

Кога се венчавме имав 27 години. Дигав тегови, трчав и тогаш уште имав сензибилитет за борење, со кое се занимавав некое време.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде