Уште еден немил настан ја потресе Македонија: Ја претепал вереницата, ја принудил на секс и ја снимил експлицитната содржина

Вербална расправија со невенчаната сопруга, 26-годишен жител на Виница ја продолжил со физички напад и на крај ја принудил на полов однос, кој го снимил.

Пријавен е во полиција, која потоа го лишила од слобода.

-На 16.05.2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.А.(26) од Виница затоа што во семејниот дом во Виница,

по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20 – годишна сопруга, ја принудил на полови дејствија, при што направил снимка со експлицитна содржина, соопшти СВР Штип. 

За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде