Утрово, во Сингелиќ и Арачиново врие од полиција, дознава „Макфакс“.
Се претресуваат домови на повеќе локации, а во акцијата учествуваат и специјалци, кои вршат пребарувања во куќите.
Неофицијално, уапсени се скоро 20 лица.
Во овие делови на Скопје е забележан голем број полицајци, каде што, според информациите на „Макфакс“, се апсат криминалци.
„Во тек се претреси во домови на повеќе места и кога ќе завршат во текот на денот, ќе излезат со соопштение“, велат од МВР.
Акцијата е во координација со обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.