Силно невреме зафати повеќе делови од Србија – ветер, пороен дожд, грмежи и врнежи од град се забележани во неколку области.
Припадници на МВР поради последиците од врнежите интервенираа на територијата на градот Нови Сад, општина Беочин, Сремски Карловци, Зрењанин, Шабац, Рума и Ваљево.
Пожарникарите-спасувачи евакуирале две лица од покрив на поплавен автомобил на улицата Партизанска во Нови Сад и уште едно лице во Коцељева, каде се поплавени повеќе објекти, соопшти МУП.
Во моментов нема загрозени лица, а припадници на Секторот за вонредни состојби се ангажирани на испумпување на вода од подрумските простории во Рума, Черевиќ, Жабље, Сремски Карловци и Зрењанин.
На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од невремето кое ги зафати Фрушка Гора, Крагуевац, Зрењанин, Нови Сад и Блаце.
Град со големина на орев падна во градот Черевиќ, кај Беочин, а силно невреме проследено со истата појава ја погоди и Фрушка Гора.
Во Нови Сад, дождот и ветерот биле толку силни, што судијата на полуфиналето од фудбалскиот куп на Србија одлучил да го прекине натпреварот меѓу Војводина и Чукарички на стадионот во градот.
Метеоролозите уште од претпладнето предупредуваа дека се можни силни локални невремиња со електрични празнења. Улиците на Крагуевац попладнево беа целосно поплавени.
Potop u Novom Sadu: Ulica cara Dušana potpuno poplavljena!
— 24sedam.rs (@24sedam_rs) May 17, 2023
U Novom Sadu je ovog popodneva došlo do jakih padavina uz snažan vetar, a padao je i grad#NoviSad #katastrofa #poplava #nevreme #24sedam #vesti pic.twitter.com/LLfcMOSGpH