На македонски шофеp во Италија му „пукна филмот“: Нашинците нагоpе ноcат тегли ајвар, а тука изиграваат господа

-Се викам Диме и со години сум возач на автобус. Еве уште малку па и пензија ке дочекам. По 2-3 пати неделно ја возам релацијата Македонија-Италија-Македонија. Нема да верувате со што и со какви сè луѓе се среќаваме секојдневно.

Посебно нашиве, Македонци, туѓ срам да те изеде. Мислам дека порано не било вака, последниве неколку години дури ми идело да се откажам од работата.

Па нели, автобускиот превоз посебно на долги релации е само да се пренесат патниците до каде што треба заедно со нивниот багаж. Најголемиот дел од патниците понесуваат багаж колку за 10 души.

Дури се случува, двајца, тројца од фамилија да се пријавуваат како посебно патуваат само за да им го земеш целиот багаж. Уште па и се бунат кога за нешто нема место затоа што на некој друг му била сместена торбата со облека.

Доаѓаат со полни куфери, вреќи, кутии и што уште не, натоварени со мебел што може да се спакува како врати, прозорци, разглобени маси, бироа па некои печки, мислиш таму не се продава ништо.

Ама не, мора да се носи од тука, поевтино е, кога веќе го имаат, да се искористи. Посебно есен кога се прават зимници, нема да верувате колку стотици тегли се однесоа полни натаму, и празни наваму.

Прават ајвари, компоти, мармалади и се од зимница и носат да им се најде во Италија. Па нели, џабе се фалат кога ќе дојдат овде дека живеат на висока нога, кога од Македонија носат тегли ајвар за да јадат таму.

Гајби полни со шишиња сок, конзервирани домати, сè и сешто. Колку пати стравуваме да не се отвори нешто, ем белја ќе направиме ем топло е ќе засмрди цел автобус.

Се е џабе, нашиот народ од ништо не се разбира..како наумил така мора да биде. Ако не му ги земеш, па ќе се откаже од превозникот, а нашите агенции па мора да заработуваат.

А кога на еден ќе дозволиш, се шират муабети и после не можеш друг да одбиеш. Колку сум бил зачуден кога носеле и разни апарати за домаќинство, косилки за трева, буквално сè имам видено.

Последнава тура сопружници испратија на нивните деца 3 пакети тегли со разновидна зимница. Ама и ние па за џабе не носиме, си плаќаат по 20 евра од пратка доколку сакаат да им се однесе.

Некои се откажуваат, ама голем дел уште испраќаат и покрај цената. Си велат подобро сега да се плати отколку таму децата да го купуваат пиперот по 7-8 евра за килограм, па тегли, па се и сешто многу ќе ги чини. Чуден некој народ сме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде