СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на архипелагот Лојалти Острови

Силен земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на архипелагот Лојалти Острови, дел од француската јужна пацифичка територија Нова Каледонија.

Геолошкиот институт на САД рано предупреди од цунами за други острови во Тихиот Океан, како што се Вануату, Нова Каледонија и Фиџи.

Австралиското биро за метеорологија (БОМ) соопшти дека во Нова Каледонија е забележан бран од осум сантиметри.

И Националната агенција за управување со вонредни состојби на Нов Зеланд издаде предупредување на цунами по земјотресот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде