Tешка сообраќајна несреќа – пет лица итно пренесени во болница

На 18.05.2023 околу 15.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-с.Кадрифаково, во близина на надвозник за с.К.Дол,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.В.(52), патничко возило „фиат“ со светиниколски регистарски ознаки,

управувано од Л.Х.(51), двајцата од с.Мустафино, светиниколско и патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(38) од с.Анзибегово, светиниколско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „опел“, И.Д., додека со телесни повреди се здобиле возачот на „фиат“, Л.Х.,

сопатниците од возилото „опел“, Б.С.(24) и Ф.Х.(26), двајцата од Свети Николе и сопатникот од возилото „фолксваген“,

Д.П.(34) од Велес, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде