На патот Охрид-Кичево кај селото Извор доцна синоќа се запалил автобус, инфомира АМСМ.
Како што не информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Канал 5 возачот на автобусот на „Галеб“ од Охрид навреме забележал дека автобусот почнува да гори и се спасил. Автобусот бил без патници.
Возилото е целосно изгорено , а на лице место излегле противпожарни и екипи на МВР.
Во меѓувреме патот Охрид- Кичево кај селото Извор е пуштен за редовен сообраќај.
Несреќата се случила нешто по 21 часот , кога од непознати причини автобусот се запалил, а сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.
Видеото погледнете го ТУКА