Се појави и видео: Изгоре автобус на компанијата „Галеб“

На патот Охрид-Кичево кај селото Извор доцна синоќа се запалил автобус, инфомира АМСМ.

Како што не информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Канал 5 возачот на автобусот на „Галеб“ од Охрид навреме забележал дека автобусот почнува да гори и се спасил. Автобусот бил без патници.

Возилото е целосно изгорено , а на лице место излегле противпожарни и екипи на МВР.

Во меѓувреме патот Охрид- Кичево кај селото Извор е пуштен за редовен сообраќај.

Несреќата се случила нешто по 21 часот , кога од непознати причини автобусот се запалил, а сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.

Видеото погледнете го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде