Малолетник бил однесен на распит за убиство на едно животно, а потоа признал уште четири. Тој рече дека бил принуден затоа што имале шуга и му ги бркале кокошките.
Момче (14) од селото Власе кај Лесковац било пријавено во полиција бидејќи обесил улично куче, а потоа било откриено дека претходната година убил уште четири животни!
Ова за медиумите го потврди Горан Момчиловиќ, долгогодишен протекционист на животните од Лебан.
Како што пренесуваат српските медиуми, здруженијата за заштита на животни „Добробит“ од Лебан и „Пит“ од Ниш случајот веднаш го пријавиле во полиција.
Момчето наводно на распитот го признало последното убиство, а потоа уште четири.
-Кога го прашале зошто го направил тоа, тој одговорил дека последното куче што го убил имало шуга. Малолетникот рекол дека и претходно убивал затоа што му ги бркале кокошките и дека бил принуден да го направи тоа.