Голема трагедија го потресе Берово и Малешевијата, за неполни два дена згаснаа два млади животи.
Пријателите и роднините преку социјалните мрежи се простуваат од младите Кате и Марлон, кои прерано заминаа во вечното почивалиште.
„Берово тагува по загубата на двајца млади животи за неполни два дена.
Ненадејно и неочекувано, Кате и Марлон заминаа и оставија длабока лузна во нашата мала заедница.
Неверојатни млади луѓе, почивајте во мир, нека ви е лесна земја!“, стои во објавата на фејсбук страната Беровски бисере.
За сега не е позната причината за нивната смрт.