Тажна судбина доживеа семејство од Лазаревац во саботата вечерта кога ненадејно згасна уште еден млад живот.
Девојка (12) се обесила во бањата од семејната куќа. Ја пронашол нејзиниот татко, кој веднаш повикал Итна помош со надеж дека ќе биде спасена, но набрзо полиција утврди дека малолетничката се самоубила.
Лекарите од Итната помош на лице место се обиделе со реанимација, но за жал, можеле само да констатираат смрт.
Како што наведуваат соседите на несреќното семејство, за нив е целосно нејасно зошто се се случило.
-Кога дознавме сите бевме целосно потресени. Секој ден поминуваше покрај мојата работа и редовно ми зборуваше. Секогаш ми беше преслатка бидејќи делуваше многу весело – вели една од соседите и додава:
-Тие се многу убаво семејство, нејзината мајка работи во кафеаната над мене и сме многу блиски. Сите сме во шок, девојката никогаш не покажувала знаци на депресија или дека некој ја малтретира на училиште – вели соговорникот.
Како што пренесува српски Информер, девојчето пораснало во четиричлено семејство кое сите од соседството го карактеризираат како многу фино.
Не верувам дека била малтретирана на училиште затоа што веројатно во одреден момент ќе го пријавила тоа кај нејзините родители. Родителите се во шок. Беше многу слатка, насмеана, секогаш се грижеше за помалиот брат – вели сосетката.
Да потсетиме, девојка (12) од Лазаревац се самоуби во саботата во семејната куќа.
Според неофицијални информации, таа влегла во бањата, се качила на стол, направила јамка од конец и ја ставила околу вратот. Другиот дел од конецот го врзала за рамката од туш кабината, а потоа го лизнала столчето под нозете и така си го одзела животот.
– Полицијата го повикале таткото на девојчето кој пријавил дека неговата ќерка се самоубила. Брза помош брзо пристигнала на местото на трагедијата, лекарите се обиделе да го реанимираат девојчето, но не можело да се спаси – изјавил извор од истрагата.
Фото: Курир.рс