По кусо боледување ноќеска почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов.
Веста за неговата смрт рано утрово ја дознале и членовите на неговото семејство, кое низ солзи за ММС ни раскажа дека сите се молеле за неговото здравје, што побргу да се разбуди од кома и да излезе од болница.
-Починал ноќеска, нам лошите вести утрово ни ги кажаа. Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави и ќе ни се врати, но за жал ни замина.
Пред некој ден ни рекоа дека малку е подобар и затоа се надевавме дека сепак се ќе биде во ред, низ солзи за ММС рече неговата сопруга Јелена.
Ферус имаше мозочен удар на 26 април и од тогаш е во болницата „8 Септември“.
Неговиот внук Ферчо тогаш за ММС рече дека бил на почетокот бил добар, но потоа му се влошила состојбата и го ставиле во вештачка кома.