Ужас во Македонија: „Се случи тоа од кое со години стравувавме, чичко ми ја запали куќата на мајка ми, додека таа беше внатре“

Голем пожар во семејна куќа синоќа пред полноќ ги вознемири неготинци. Поради опасноста од пламените јазици целиот град остана без електрична енергија, а по локализирањето на пожарот и негово целосно гасење, од куќата на 60-годишната Виолета Донева не остана речиси ништо.

Целосно изгорена кровна конструкција, оштетени ѕидови, уништена покуќнина, поплавени подови од водата со која се гасел пожарот.

Како дошло до ова, за ,,Фокус” раскажува ќерката на Виолета, Благица Делкова, која се уште не може да се смири од настанот.

Според зборовите на младата жена и мајка, пожарот бил подметнат од страна на нејзиниот чичко, кој и во минатото во неколку наврати се обидел да ја запали куќата, која е братска, и во која покрај Виолета, која живее сама откако починал нејзиниот сопруг, а брат на пироманот, живее и неговиот син.

-Синоќа, во доцните часови се случи тоа од кое со години наназад стравувавме. Чичко ми, човек познат на надлежните институции како алкохоличар и пироман, ја запали куќата на мајка ми, додека таа беше внатре.

Куќата е братска, во едниот дел живее неговиот син, во другиот мајка ми. За проблемите со него, запознати се сите институции.

Тој помина подолг период во Јавната здравствена институција Негорци, токму поради заканите за подметнување на пожар, но и поради помали пожари кои ги предизвика во минатото.

Алкохоличар е, беше пуштен од Негорци околу новата година, по три години поминати таму. Во овие неколку месеци откако живееше во куќата, самиот постојано се јавуваше во полиција, но и во противпожарната служба и се закануваше дека ќе пали. Доаѓаше полицијата повеќе пати, ќе разговараат со него, па ќе си одат.

Ние живеевме во постојан страв, бидејќи се работи за лице кое не може да функционира самостојно, потребно му беше постојано згрижување во соодветна институција и тоа беше толку очигледно.

Истиот во неколку наврати влегуваше во јавни установи, во канцеларии на службенички, им бараше пари, и им се закануваше дека ќе ги запали ако не му дадат, на пример, 20 или 50 денари. Никој од надлежните каде се пријавувани овие случаи не го сфати сериозно!

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Фокус.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде