Паника во Москва: Наредена итна евакуација на складиштето за НУКЛЕАРНА МУНИЦИЈА Белгород-22 по експлозиите во регионот

По упадот на јуришните формации на вооружените организации против Кремљ, Руската легија на слободата и Рускиот волонтерски корпус, руските власти итно иницираа евакуација на складиштето за нуклеарна муниција Белгород-22 во регионот Белгород, кој граничи со Украина.

Ова го изјави портпаролот на Главната управа за разузнавачки работи на украинското Министерство за одбрана (ГУР), Андриј Јусов, кој зборуваше за националната медиумска куќа, а пренесува Укринформ.

Русите итно го евакуираат и објектот Белгород-22 – складиште за нуклеарна муниција. Се наоѓа недалеку од Грајворон – рече Јусов.

Според портпаролот на ГУР, меѓу руското раководство се видливи „елементи на паника“ поради ситуацијата што се развива во регионот на Белгород. За тоа особено сведочи евакуацијата на локалното население, пишува „Јутарњи лист“.

Претходно, неколку медиуми објавија за експлозиите што наводно одекнале во понеделникот во регионот на Белгород. Подоцна се појавија информации за преселување на руски „волонтери“ од Украина на таа руска територија.

Во понеделникот наутро на „Телеграм“ на Легијата на слободата за Русија се појави апел до Русите со порака „Легијата се враќа дома“.

„Време е да се стави крај на диктатурата во Кремљ! Бидете храбри, не плашете се од ништо затоа што доаѓаме. Русија повторно ќе биде слободна. Објавени се и фотографии од нивните сино-бели знамиња кои се веат „над ослободените градови“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде