Најнова анкета: Граѓаните разочарани од партиите, ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ во мртва трка да го допрат дното во рејтинг

ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ и во истражувањето спроведено од Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС), врз основа на анкетното истражување кое содржи 60 прашања,

спроведено во фокус-групи во април, во 8 плански региони во земјава, со вкупно 77 учесници, демографски поделени по возраст, род, професија, етничка припадност, место на живеење и политичка определба.

Теренската анкета била спроведена во периодот 22 февруари – 9 март 2023 година, со примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата, преку методот лице в лице.

На прашањето „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“, повеќе од половина од испитаниците одговориле дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале.

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 17% од испитаниците, за СДСМ 12%, ДУИ доби поддршка од 8% од анектираните граѓани, 4% изјавија дека би гласале за Левица, 3% за Алијанса за Албанците, додека 1% поддршка добило Движењето Беса.

Истражувањето покажува дека повеќе од две третини сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока (69%), додека најпесимистички настроени се жителите од Вардарскиот регион (80%).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде