Во обвинителството во Смедерево се сослушуваат сведоците на масовното убиство што го изврши Урош Блажиќ во Мало Орашје и Дубона на 4 мај.
Како што пренесуваат српските медиуми, досега се сослушани неколку сведоци, жители на Мало Орашје и Дубона, кои раскажаа што доживеале кобната ноќ кога Блажиќ уби осум и рани 14 лица.
На рочиштето ќе се утврди точниот временски распоред на настаните, како и начинот и под кои околности е извршено кривичното дело – вели изворот на Информер. Тој објаснува и дека е важно да се утврди дали Урош Блажиќ имал соучесник.
– Веднаш по масовното убиство, некои жители на Дубона изјавија дека кобната ноќ во „мерцедесот“ на Блажиќ виделе тетовиран млад човек.
Наводно, таа вечер биле заедно во локална продавница, но не се знае дали после тоа се разделиле, или и тој на некој начин учествувал во злосторството – објаснува тој.
Покрај суровиот убиец Урош Блажиќ, кој беше уапсен десет часа по масакрот, четири дена подоцна беше уапсен и неговиот татко Радиша, бидејќи во семејната куќа на Блажиќ во Дубона беше пронајдено оружје.