Министерството за труд и социјална политика објави убава вест: Во тек е исплатата на образовниот додаток

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

  • за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
  • за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
  • за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
  • за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули  во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование,

а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

Грижата за сите граѓани е наш приоритет!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде