Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала и интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала е
регистриран во Охрид и во околината денеска во 10:14 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Земјотресот бил на длабочина од два километри.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 89 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Охрид–Струга.
Земјотресот бил почувствуван од населението во Охрид ,Ресен, Струга и Вевчани.