Славчо Поповски најавува ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ

Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, како и на циклонска активност, вечерва,

како и во следните десттина денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натака.

Поради ЗГОЛЕМЕНАТА енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Локално во следните десттина денови се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60-70 л/м2).

Токму поради ова постои опасност од локални поројни поплави, па затоа АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на невреме.

Во Скопје и околината исто така во следните десттина денови ќе има честа појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите во следните денови нема да се менуваат и насекаде ќе се искачуваат над 20 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат до близу 30 степени.

За стабилно, суво и многу потопло време без врнежи и понатаму ќе се изначекаме.

Извор: Метео аларм/ Славчо Поповски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде