Згасна животот на уште еден урбан скопски лик, Драги Христов познат како Шпага.
Драги почина на 52-годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му бил откриен рак на белите дробови.
Македонската јавност ќе го памети и по неговото учество во едно од првити рејалити шоуа во државава, „Тоа сум јас“, а се снимаше во куќа во Скопје и беше со идентичен формат на „Големиот брат“.
Шоуто најпрво се прикажуваше на МТВ, а токму Драги – Шпага беше победникот во првата сезона и како награда доби „Шевролет Матиз“.
Драги потоа ќе стане главен машки актер во филмската порно комедија „Жена ми Мира пак масту*бира“, филм за возрасни кој ќе биде издаден на видеокасета.
Шпага имаше проблеми и со Ковид-19, кога едвај преживеа затоа што завршил болница во полусвесна состојба, па бил во кома дури 20 часа со тешко внатрешно крварење во желудникот.
По кусо и тешко боледување, ракот ќе го земе последниот замав, а Драги бил погребан вчера во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство.