На 29.05.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Маркова Сушица, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“,
управувано од Д.Д.(23) од Скопје и автобус „ман“, управуван од Е.Д.(25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.К.(21) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.