Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, како и на циклонска активност, вечерва,
како и во следните десттина денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натака, објави Славчо Попоски во најновата временска прогноза.
Поради ЗГОЛЕМЕНАТА енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Локално во следните десттина денови се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60-70 л/м2).
Токму поради ова постои опасност од локални поројни поплави, па затоа АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на невреме, додава Поповски.
Попладнево околината на Тетово го зафати силно невреме со пороен дожд кој предизвика поплавени улици.
Видеото кое го објави телевизија 21 можете да го погледнете во продолжение.